Обид за атентат на Албин Курти во Скопје !?

Премиерот на Косово, Албин Курти, во изјава за косовските медиуми рекол дека на средбата што ја имал со сестринските социјалистички партии во Скопје, добил информации за бројни закани од поединци и структури кои имаат корени од официјален Белград, објави денеска Радио телевизија Косово, кои додаваат дека има информации за обид за атентат на Албин Курти во Скопје.

,,Кога дојдов до Скопје не се чувствував загрозено, но видов дека има многу полициски сили кои беа загрижени за средбата која ја одржуваме, на која специјален гостин беше претставникот на германската СПД, Ларас Клингбеил”, истакнал Албин Курти во изјава за косовските медиуми.

Од Министерството за внатрешни работи ги демантираа информациите.

,,Ве известуваме дека при посетата на премиерот на Република Косово, Албин Курти, во Скопје, немало обид за атентат врз него”, велат од Министерството за внатрешни работи за медиумите.