Откриено е зошто на Бреговиќ му е зaбранет влез во Молдавија! Слетал на аеродром, па му рекле дека мора да се врати (фото)

На српскиот музичар Горан Бреговиќ му беше забранет влез во Молдавија поради неговите проруски ставови, изјави молдавскиот министер за внатрешни работи Адријан Ефрос.

– Од почетокот на војната во Украина, господинот Бреговиќ изрази проруски ставови и ја поддржа анексијата на Украина од страна на Руската Федерација – изјави Адријан Ефрос.

– Имаше и други мотиви кои ги анализираа структурите на државната безбедност – рече тој.

Организаторите на фестивалот „Guitar Music“, кој се одржува во Молдавија, претходно објавија дека на Бреговиќ не му е дозволен влез во земјата, иако веќе слетал на аеродромот во Кишињев и дека поради тоа нема да може да настапи со својот бенд на фестивалот.