Драма во Охрид! Сопственик на едрилицата изгубил контрола над пловилото: Патниците, полицијата ги спасила од сигурна смрт (ВИДЕО)

Охриѓанецот (55) кој ја управувал едрилицата заедно со други лица кои се превезувале со неа се спасени и безбедно пренесени во полициска станица.

Вчера вечерта околу 19 часот во Охрид, во Полициската станица е пријавено дека сопственикот на чамецот, едрилица, на која се превезувале уште четири лица, изгубил контрола поради лошите временски услови.

По пријавувањето, полициските службеници од Граничната полициска станица Охридско Езеро веднаш излегле на терен и околу 19:25 часот ја пронашле едрилицата на околу 7.000 метри од брегот на езерото, во близина на границата со Република Албанија, пишува. Точка.com.mk.