Малиот психопат образованието ќе го заврши во ова училиште: Исклучен е од Рибникар, а наставата ќе ја следи по еден од двата понудени модели

Српскиот Министер за образование проф. Д-р Славица Ѓукиќ Дејановиќ изјави дека ученикот кој го изврши масакрот во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград најверојатно ќе го заврши основното образование во училиштето „Д-р Драган Херког“.

Српските медиуми објавија дека наставничкиот совет на Основното училиште „Владислав Рибникар“ веќе донел одлука за исклучување на ова момче од училиште.

Министерката во моментов не можеше да го потврди тоа, но објасни дека претпоставува дека најверојатно наставничкиот совет ќе изрече опомена, што подразбира дообразување во друго училиште.

– Бидејќи не е во состојба да посетува училиште бидејќи е во здравствена установа, но, и за такви деца е задолжено училиштето „Д-р Драган Херког“ – рече министерот за образование, проф. д-р Ѓукиќ Дејановиќ.

Основното образование е задолжително.

Како што се испоставува, можни се два модели: да му се даде наставната програма исклучиво во писмена форма или онлајн.

Доколку се донесе одлука да го продолжи образованието преку интернет, тој нема да може да пристапи до други содржини на компјутерот.