Тензии во Германија! Откако делумно се легализира канабисот за приватна употреба, го запрашаа Шолц: Дали некогаш сте пушеле џоинт?

Германската влада неодамна одлучи делумно да го легализира канабисот за приватна употреба.

Германскиот канцелар Олаф Шолц (65) изјавил дека никогаш во животот не консумирал канабис.

Тој ова го изјави во неделата вечерта за германската телевизија Прозибен, на прашањето дали некогаш пушел џоинт во младоста, пишува Франкфуртер алгемајне цајтунг…

-Никогаш не сум пушел, ниту еден дим – рекол Шолц.

Херманската влада неодамна одлучи делумно да го легализира канабисот за приватна употреба. Шолц рече дека верува оти владата ја прави вистинската работа со претпазливиот потег.

– Но, ако некој ме праша дали треба или не, јас секогаш би рекол: НЕ – рече германскиотнканцелар.

Сојузниот министер за здравство Карл Лаутербах рече дека неодамна усвоениот закон не е донесен за да се легализира потрошувачката на канабис, туку за да се ограничи потрошувачката и да се намали негова криминализација.