КУЧЕ ПОБЕГНАЛО ОД КУЌАТА, ПА ЗАВРШИЛО ВО МОРЕ: Пливало дури 6 километри, вака преживеало (ФОТО)

Германскиот овчар кој побегнал од дома и отишол на ноќно капење и препливал шест километри во морето, бил спасен благодарение на навремената реакција на спасувачката служба.

Меда, како што го нарекуваат кучето, побегнал од својата сопственичка Фиона Рени вечерта на 30 април.

Кучето исчезнало од дом во Маргејт, Кент, а го забележале двајца случајни минувачи кои се обиделе да го извлечат од водата. Сепак, тој препливал четири километри во морето околу брегот, поради што била повикана спасувачката служба.

Тие брзо реагирале и го извлекле од водата, враќајќи го кај загрижениот сопственик. Меда се спасил без поголеми повреди и со неколку расекотини на шепите. Тој бил видно исцрпен кога го извлекле на брегот.

“Тој е едно среќно куче. Тој беше надвор цела ноќ и реши да оди на долго пливање”, изјавила Џесика Конвеј, ќерката на сопственикот за Би-Би-Си.

Фиона Конвеј рече дека сака да стапи во контакт со граѓаните кои први го забележале кучето во морето за да им се заблагодари:

„Многу сме им благодарни на луѓето кои се обидоа да го фатат и го вклучија алармот и секако на екипажот на чамецот за спасување, кој живее само од донации. Меда изгубил неколку канџи на шепата, веројатно кога се обиде да се искачи на брегот. Сега е дома и ќе имам добар сон“.

Дерек Амас, менаџер за операции на чамци за спасување, ги повика членовите на јавноста да не влегуваат во водата за да се обидат да спасат куче кое решило да оди на пливање, бидејќи животното вообичаено сам ќе се врати безбедно.