“ОВА БЕШЕ НАПАД ОД НЕВИДЕНИ РАЗМЕРИ!“ – Дописникот на BBC од Појасот Газа со застрашувачки извештај: “Овде владее тотален хаос…“

Дописникот на BBC од Појасот Газа, Ружди Абуалуф, известува за деталите за синоќешното силно бомбардирање. 

Како што пренесува BBC, Ружди Абуалуф наведува дека станува збор за напад од „невидени размери“.

Имаше масовно бомбардирање на северот на Појасот Газа од размери какви што досега не сме виделе. Беа забележани огромни пламени кои се издигнуваат кон небото – изгледа дека Израелците користеа различни видови бомби. Во болницата овде, возачите на Итната помош ми рекоа дека не можат да комуницираат со никого, па само се возеа во насока на експлозиите. Паника владее насекаде, дури и овде во Кан Јунис, каде што бомбардирањето беше помало, бидејќи луѓето се обидуваат да дојдат до членовите на семејството во други области за да проверат дали се безбедни, но телефонските врски се прекинати. Завладеа тотален хаос“, вели Ружди Абуалуф.