“СЕКОЈА МИНУТА ИЗГЛЕДА КАКО ЦЕЛА ВЕЧНОСТ!“ – Семејствата на киднапираните Израелци бесни на Бенјамин Нетанјаху: “Бараме итна средба“

Семејствата на израелските заложници побараа итна средба со премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху и министерот за одбрана Јоав Галант.

Во соопштението за медиумите се наведува дека „изминатата ноќ беше најтешка од сите досега“, мислејќи на првиот голем копнеен упад на ИДФ во Појасот Газа.

Обземени сме од вознемиреност, фрустрација и особено огромен гнев затоа што никој од воениот кабинет не се удостои да се сретне со семејствата на киднапираните за да им објасни една работа – дали копнената операција ја загрозува безбедноста на 229-те киднапирани во Појасот Газа“, стои во соопштението.

Семејствата се загрижени за судбината на своите најблиски и чекаат објаснување. Секоја минута изгледа како цела вечност. Бараме од министерот за одбрана Јоав Галант и членовите на воениот кабинет – да се сретнат со нас утрово“, се додава во соопштението.