ВИДЕО | Израелската Армија објави снимка од теренот: “Ова се нашите тенкови во Појасот Газа“

Израелската Армија објави видео за кое тврди дека ги прикажува нејзините копнени сили во Појасот Газа, но BBC истакнува дека се уште не ја потврдила информацијата.

На видео-снимката се гледаат десетици израелски тенкови и други возила, а истата можете да ја погледнете ОВДЕ.

Израелската Армија изјави за медиумската агенција Reuters во саботата дека влегла во северниот дел на Појасот Газа во текот на ноќта и ги проширила воените операции со пешадија и оклопни возила во опколената палестинска енклава додека го засилува нападот врз милитантната група Хамас.

Воениот портпарол Даниел Хагари вели дека израелските сили се уште се на теренот, без да наведе детали. Даниел Хагари, исто така, кажа дека тие ги „прошируваат хуманитарните напори“ во саботата и ќе дозволат камионите со храна, вода и лекови да влезат во јужниот дел на Појасот Газа.