Страшни сцени од тешка сообраќајна несреќа пристигнуваат од Косово, каде претходниот ден на патот Приштина–Пеќ кај градот Враголија се судрија автобус, автомобил и камион. Како што објавија соседните медиуми, автобусот превезувал ученици кои биле на екскурзија во Албанија, а најмалку 30 лица се повредени.
Портпаролот на косовската полиција Бајрам Красниќи соопшти дека во несреќата се повредени 30 лица и дека на лице место пристигнале медицински екипи.
„Во 15 часот и 50 минути полицијата била известена за сообраќајката што се случила на патот Приштина–Пеќ. Во несреќата учествувале автобус со странски регистарски таблички, камион со домашни регистерски таблички и автомобил. На местото на настанот излегле надлежни полициски единици. Во несреќата се повредени 30 лица“, изјавил Бајрам Красниќи.
Автобусот превезувал ученици од Прешево на екскурзија од Албанија, соопшти градоначалникот на Прешево, Шчиприм Арифи, кој кажа дека матурантите и сите останати се добро и дека е причинета само материјална штета.
„Драги родители, матурантите и сите останати се добро. Заедно со агенцијата, општината презеде итни мерки за обезбедување транспорт. Ќе бидеме тука за нив за се што ќе им треба“, напишал градоначалникот во објава на социјалната мрежа Фејсбук.
Видеото од несреќата погледнете го ОВДЕ.