ВИДЕО | ХОРОР ВО КОСОВО – Автобус полн со матуранти се судрил со автомобил и камион, повредени 30 лица

Страшни сцени од тешка сообраќајна несреќа пристигнуваат од Косово, каде претходниот ден на патот ПриштинаПеќ кај градот Враголија се судрија автобус, автомобил и камион. Како што објавија соседните медиуми, автобусот превезувал ученици кои биле на екскурзија во Албанија, а најмалку 30 лица се повредени.

Портпаролот на косовската полиција Бајрам Красниќи соопшти дека во несреќата се повредени 30 лица и дека на лице место пристигнале медицински екипи.

Во 15 часот и 50 минути полицијата била известена за сообраќајката што се случила на патот ПриштинаПеќ. Во несреќата учествувале автобус со странски регистарски таблички, камион со домашни регистерски таблички и автомобил. На местото на настанот излегле надлежни полициски единици. Во несреќата се повредени 30 лица“, изјавил Бајрам Красниќи.

Автобусот превезувал ученици од Прешево на екскурзија од Албанија, соопшти градоначалникот на ПрешевоШчиприм Арифи, кој кажа дека матурантите и сите останати се добро и дека е причинета само материјална штета.

Драги родители, матурантите и сите останати се добро. Заедно со агенцијата, општината презеде итни мерки за обезбедување транспорт. Ќе бидеме тука за нив за се што ќе им треба“, напишал градоначалникот во објава на социјалната мрежа Фејсбук.

Видеото од несреќата погледнете го ОВДЕ.