Шокантни сцени се забележани оваа сабота на „Stade de la Beaujoire“ во Нант.
Фудбалскиот репрезентативец на Гвинеја, Исијага Сила, доживеа сериозна семејна трагедија пред натпреварот, но сепак најде сили и излезе на теренот заедно со соиграчите кои му даваа поддршка.
Неговата мајка починала токму пред почетокот на натпреварот, а Исијага Сила ја дознал шокантната вест непосредно пред натпреварот. Крилниот напаѓач на Монпелје му помогна на својот тим да победи со 3:0 на гостувањето кај Нант.
Исијага Сила го започнал натпреварот од првата минута, а неговите соиграчи се обиделе да го утешат пред почетокот на натпреварот, а солзите на неговото лице ги растажија сите присутни на стадионот, но и оние кои го следеа овој натпревар на малите екрани.
Исијага Сила оваа сезона одигра 32 натпревари за Монпелје и забележа еден гол и три асистенции.