Репрезентативецот на Панама, Жилберто Хернандез (26 г.), е убиен во пукотница што се случила во неделата во провинцијата Колон во Панама.
Осум лица биле ранети, а Жилберто Хернандез, за жал, им подлегнал на повредите.
Неколку дена по крвавиот пир, медиумите од Панама објавија видео-снимка од нападот.
Двајца напаѓачи излегле од таксито и почнале да пукаат кон група луѓе, меѓу кои бил и несреќниот дефанзивец на Атлетико Индепендиенте.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ – видеото содржи крајно вознемирувачка содржина!
Тамошните медиуми претпоставуваат дека фудбалерот е убиен од нарко-картел, а не се знае дали тој бил цел на нападот, или некој од негово друштво.