ВИДЕО (18+) | ВОЗНЕМИРУВАЧКО – Ова е навистина страшно: Објавена снимка од убиство на познат фудбалер среде бел ден на улица во Панама!

Репрезентативецот на ПанамаЖилберто Хернандез (26 г.), е убиен во пукотница што се случила во неделата во провинцијата Колон во Панама.

Осум лица биле ранети, а Жилберто Хернандез, за ​​жал, им подлегнал на повредите.

Неколку дена по крвавиот пир, медиумите од Панама објавија видео-снимка од нападот.

Двајца напаѓачи излегле од таксито и почнале да пукаат кон група луѓе, меѓу кои бил и несреќниот дефанзивец на Атлетико Индепендиенте.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ – видеото содржи крајно вознемирувачка содржина!

Тамошните медиуми претпоставуваат дека фудбалерот е убиен од нарко-картел, а не се знае дали тој бил цел на нападот, или некој од негово друштво.