Финансиска помош од 30.000 денари за Минче Рамчески, нападнатиот од мечка

Општина Пласница донесе одлука на Минче Рамчески да му додели финансиска помош од 30.000 денари за храброст по напад од кафеава мечка. Финансиската помош на седумдесет и шестгодишниот Рамчески му ја додели градоначалникот на општината, Алија Јаоски.

-Наградата од 30.000 денари за нашиот сограѓанин е наполно заслужена, бидејќи тој со својата храброст успеа да се спаси по агресивен напад од дива мечка. По примерот на општина Пласница ги повикувам да тргнат и повеќемина наши сограѓани од дијаспората, родум од Пласница, да се приклучат на овој хуман чин и во границита на своите можности да го подржат нашиот сограѓанин Минче Рамчески, по неговата неочекувана средба со мечка, да го надмине овој кризен период, напиша градоначалникот на Фејсбук.