Кортни Кардашијан итно била пренесена во болница, лекарите се бореле за животот на нејзиното бебе

Кортни Кардашијан откри дека итно била пренесена во болница на операција каде лекарите „го спасиле животот на нејзиното бебе“

Ријалити ѕвездата се наоѓала во доцна бременоста и го чека четвртото дете, воедно и прво со сопругот Тревис Баркер.

Откако беше примена во болница, Кардашијан се отвори за нејзината операција и ја сподели веста со фановите на Инстаграм. Таа им се заблагодари на својот сопруг Тревис Баркер кој трчаше од турнејата до болницата и на нејзината мајка Крис Џенер која беше покрај неа.

“Како некој кој имал три навистина лесни бремености во минатото, јас не бев подготвеан за стравот од итна операција на фетусот. Мислам дека некој кој не поминал низ слична ситуација не може да го разбере тоа чувство на страв. Имам сосема ново разбирање и почит за мајките кои морале да се борат за своите бебиња додека биле бремени“, напишала меѓу другото.

Инаку, ријалити ѕвездата претходно го откри полот на детето. Кардашијан објави видео на Инстаграм како седи во скутот на Тревис додека тој свири на тапани и ја објавува големата најава. Конечно, еден куп сини конфети се креваат во воздухот, што значи дека парот чека момче.