СЕ СРУШИ МОЌЕН РУСКИ ВОЕН ЛОВЕЦ – Несреќа кај Калининград, Армијата ги откри деталите: “Пилотите немаа спас…“

Двајцата пилоти на руски Su-30 загинаа при уривање на повеќенаменскиот ловец во Калининградската област во Русија.

Борбен авион Su-30 со две седишта се урна за време на тренинг лет во Калининградската област“, соопшти Министерството за одбрана на Русија, пренесуваат тамошните медиуми.

За време на тренинг лет во Калининградската област, авионот Su-30 се урна во напуштена област. Летот бил извршен без муниција. Екипажот е мртов“, се вели во соопштението на Западниот воен округ на Русија.

Локалните медиуми јавуваат дека, според прелиминарните податоци, причина за несреќата е технички дефект на леталото.