Алармантна ситуација во Дубаи: Постојано врне, улиците се поплавени, а населението стравува дека ќе се случи истото сценарио (ВИДЕО)

Обединетите Арапски Емирати повторно се под напад на големо количество врнежи, а доказ за тоа е дождот кој од 3 часот утринава паѓа во Дубаи.

Иако засега ситуацијата е под контрола и нема индиции дека ситуацијата од пред неколку дена ќе се повтори, жителите се исплашени.

Невремето се очекува да продолжи до петок. Спроведена е он лајн настава, а на компаниите им се препорачува да работат од дома.

Неколку летови беа пренасочени од аеродромот, а поради невремето повторно беа поплавени многу патишта во градот.

На видеото од социјалната мрежа Икс, може да се види дека дождот постојано врне, но со многу помал интензитет отколку што беше претходно.

Да потсетиме, на крајот на април, поплавите буквално го запреа животот во оваа пустинска земја и предизвикаа хаос на аеродромот во Дубаи, најпрометниот меѓународен воздушен центар во светот. Временските услови предизвикаа Emirates да ги откажат летовите за 200.000 патници и да одложат многу повеќе.

До минатиот вторник, ОАЕ имаа нешто повеќе од 142 милиметри дожд на квадратен метар, додека просечните врнежи се околу 86 мм дожд. На повеќе локации забележани се речиси 250 милиметри дожд на метар квадратен.

Државната новинска агенција ВАМ го нарече дождот „историски временски настан“ кој го надмина „сè што е документирано од почетокот на собирањето податоци во 1949 година“.