Кога слушнала дека татко и боледува од Алцхајмерова болест, една девојка по име Изабел решила да си направи тетоважа на раката. Тетоважата има голема емотивна вредност за неа бидејќи ја симболизира нејзината љубов и непоколебливата поддршка за нејзиниот татко, а видеото на кое ја покажува на нејзиниот татко стана вирално.
„1952 е годината кога си роден, а има два бранови – едниот сум јас, а другиот си ти“, му кажува Изабел на својот татко додека му ја покажува тетоважата на нејзината рака.
„Тоа е толку слатко“, одговара нејзиниот татко, а таа потоа го прашува: „Знаеш ли зошто бранови?
„Сакам бранови“, одговара тој.
“Брановите се затоа што отидовме на пловење, ти ме научи да пловим. Тоа е мојот омилен спомен со тебе”, му објаснува Изабел на својот татко, кој се насмевнува и нежно ја стиска за рамото. На крајот, таткото се расплакува и и кажува едноставни, но моќни зборови на својата ќерка: „Те сакам“.
Видеото собра над 18 милиони прегледи.