ВИДЕО | 18 милиони прегледи: Девојка го изненади својот тато со Алцхајмерова болест со нова тетоважа

Кога слушнала дека татко и боледува од Алцхајмерова болест, една девојка по име Изабел решила да си направи тетоважа на раката. Тетоважата има голема емотивна вредност за неа бидејќи ја симболизира нејзината љубов и непоколебливата поддршка за нејзиниот татко, а видеото на кое ја покажува на нејзиниот татко стана вирално.

„1952 е годината кога си роден, а има два бранови – едниот сум јас, а другиот си ти“, му кажува Изабел на својот татко додека му ја покажува тетоважата на нејзината рака.

„Тоа е толку слатко“, одговара нејзиниот татко, а таа потоа го прашува: „Знаеш ли зошто бранови?

„Сакам бранови“, одговара тој.

“Брановите се затоа што отидовме на пловење, ти ме научи да пловим. Тоа е мојот омилен спомен со тебе”, му објаснува Изабел на својот татко, кој се насмевнува и нежно ја стиска за рамото. На крајот, таткото се расплакува и и кажува едноставни, но моќни зборови на својата ќерка: „Те сакам“.

Видеото собра над 18 милиони прегледи.