РАЗБИЕНА ГОЛЕМА КРИМИНАЛНА МРЕЖА ВО ЕВРОПА – Во Шпанија запленети рекордни 9,5 тони кокаин, во контејнер за транспорт на банани !?

Шпанската полиција заплени 9,5 тони кокаин скриен во контејнер за транспорт на банани од Еквадор, што е најголема количина запленета во еден контејнер во таа земја, соопшти денес шпанската полиција, пренесуваат тамошните медиуми.

Оваа операција беше удар без преседан на една од најголемите светски криминални организации во дистрибуцијата на кокаин, чија цел беше големи криминални мрежи во Европа“, се наведува во соопштението, пренесува медиумската агенција Reuters.

Кутиите биле означени со повеќе од 30 различни логоа што одговараат на различни европски криминални синџири до кои требало да оди кокаинот, но шпанската полиција јавно не ги именуваше кои се тие организации.

Криминална организација во Еквадор имала голема мрежа за испраќање дрога во Шпанија, главно до пристаништата Алгесирас и Виго на северозапад, преку меѓународна компанија за трговија со банани лоцирана во главното пристаниште за извоз на банани во Еквадор Мачала.