Веќе сè e јасно! Објавена е фотографија од жена за која се верува дека е мајка на синот на Роналдо (фото)

Кристијано Роналдо го доби синот Кристијано Јуниор со сурогат мајка.

Португалската суперѕвезда Кристијано Роналдо шокираше многумина пред десет години кога го доби синот Кристијано Јуниор со сурогат мајка.

Нејзиниот идентитет никогаш не беше откриен, а Португалецот секогаш вешто избегнуваше одговори на прашања од тој тип.

Но, се чини дека оваа тајна конечно е откриена, бидејќи во изминатите денови почна да кружи фотографија од жена за која се верува дека е мајка на Кристијано Јуниор. Таа еднаш беше снимена со Роналдо на јахта токму кога се договорија да го родат неговото дете.

Таа успеа да остане анонимна бидејќи нејзиното име не беше објавено, но видеото со нејзината фотографија го погледнаа повеќе од два милиони луѓе на социјалните мрежи.

Сурогат мајката наводно добила огромен паричен надомест и тоа што го родила и’ е единствената допирна точка со момчето.