Вучиќ и честита на Гордана Силјановска-Давкова

Српскиот претседател Александар Вучиќ и честиташе на Гордана Силјановска-Давкова за победата во вториот круг од претседателските избори во Македонија.

„Им честитам на Гордана Силјановска Давкова за изборот за претседател на Македонија и и посакувам успешно да ја извршува одговорната задача што ја добива. Убеден сум дека ќе продолжиме да работиме заедно на зајакнување на врските меѓу Србија и Македонија со цел напредок и благосостојба на нашиот народ, како и просперитет на целиот регион“, напиша Вучиќ на платформата Х.

Во меѓувреме, новата претседателка на Македонија, Гордана Силјановска Давкова, му пишува „твоите честитки се многу вредни, очекувам дека ќе продолжиме да работиме на унапредување на одличните српско-македонски односи“.

Инаку, на Силјановска за победата на ВМРО-ДПМНЕ и честиташе и премиерот на Унгарија, Виктор Орбан.

Потсетуваме, на претседателските избори Гордана Силјановска – Давкова беше апсолутен победник над претседателот Стево Пендаровска, додека длабока победа извојуваше и ВМРО-ДПМНЕ со 59 освоени мандати наспроти 18 на СДСМ