Фатмир Битиќи поднесе оставка, бара оставка и од претседателството на СДСМ

Потпретседателот на СДСМ, Фатмир Битиќи преку видео на Фејсбук им се заблагодари на гласачите порачувајќи дека овие освоени гласови се голема обврска и дека се повлекува од функцијата потпретседател на партијата.

„Гласовите што ги добивме се исто така голема обврска. Мора да продолжиме со нашата политичка мисија, да го зајакнеме дијалогот и да ги слушаме потребите на нашите сограѓани. Но, дел од исполнувањето на оваа обврска бара и политичка одговорност, бара промени. Како потпретседател на СДСМ, посветен на демократските и етичките вредности, решив да поднесам оставка од функцијата потпретседател на партијата“, рече Битиќи.

Тој побара и оставка од претседателството на СДСМ од прв до последен и дека оставката е неопходен чекор кон враќање на довербата.

Оставката не е чин на губење на социјалдемократската идеја, туку порака и предизвик за подобрување и преиспитување на СДСМ“, рече Битиќи.