Се наѕира нова љубовна приказна: Шакира не мирува, беше на вечера со НБА ѕвездата

Шакира ги поттикна гласините за нова врска откако беше видена како ужива на романтична вечера со НБА ѕвездата Џими Батлер.

Папараците ги снимиле пред ресторанот Новиков во Лондон. Пристигнале одвоено, а заедно излегле од локалот околу два часот по полноќ. Тие сè уште не се изјасниле за објавата дека се во врска. Пејачката минатиот месец го гледаше тимот на Батлер како игра против Денвер Нагетс во финалето на НБА.

ГО ОСВОИЛ НЕЈЗИНОТО СРЦЕ

Според Индекс, според претходните извештаи на медиумите, Шакира и Том Круз биле видени на трката во Формула 1 во мај, каде славниот актер наводно се обидел да го освои нејзиното срце, но таа не била заинтересирана.

После тоа во неколку наврати беше видена со Формула 1 возачот Луис Хамилтон, но нејзините обожаватели веруваат дека таа повеќе не е заинтересирана за него.

ТЕЖОК ПЕРИОД

Да потсетиме, помина повеќе од една година откако Шакира и Пике објавија дека се разделуваат.

Колумбиската пејачка сега во интервју за People en Español откри дека фудбалерот ја изневерувал додека нејзиниот татко бил во болница, што за неа бил многу тежок период.

– Сè се случи одеднаш. Домот ми се распаѓаше. Преку медиумите дознав дека ме изневерил додека татко ми беше на одделението за интензивна нега – изјавила Шакира.

Додала дека и’ било многу тешко бидејќи во тој момент не можела да побара совет од својот татко.