Манчестер јунајтед е заинтересиран за Горецка, тој не сака да си оди од Баерн

– Премиерлигашот Манчестер јунајтед сака да го ангажира Леон Горецка. Според „Sky Sport Deutschland“, Баварците се подготвени да го пуштат Горецка доколку добијат понуда вредна меѓу 40 и 50 милиони евра. 

Тренерот на Баерн, Томас Тухел, не смета на 28-годишниот фудбалер за врска. Во преден план за таа позиција новата сезона му се Џошуа Кимих и Конрад Лајмер.

Манчестер јунајтед активно ја следи ситуацијата со Горецка. Се известува и дека интерес за него покажуваат уште неколку врвни клубови. 

Од друга страна, Горецка не сака да го напушти Баерн, бидејќи се чувствува удобно во Минхен.

Во Бундеслигата во сезоната 2022/23, Горецка одигра 27 натпревара за Баерн, постигнувајќи три гола и две асистенции.