Лоша ситуација за САД: Русија планира да ги искористи главните средства!? Советникот на ЦИА откри што ги чека непријателите на Москва!

Русија претходно посочи дека земјата ќе се справи со притисокот од санкциите што Западот почна да и’ ги воведува пред неколку години.

– Адут за рускиот претседател Владимир Путин ќе биде претстојната зима во 2024. Минатата зима во Европа беше невообичаено блага, а ЕУ се бореше да се справи со снабдувањето со енергија. Следната година времето можеби нема да биде толку поволно, а Русија може да биде понемилосрдна кога станува збор за ефективно прекинување на испораките на природен гас – рече Рикардс.

Аналитичарот забележува дека антируските санкции имаа спротивен ефект и нанесоа поголема штета на самата американска економија.

Според Рикардс, сегашната ситуација може да доведе до високи цени на енергијата и рецесија на Западот.

Русија претходно посочи дека земјата ќе се справи со притисокот од санкциите што Западот почна да и’ ги воведува пред неколку години. Москва истакна дека Западот нема храброст да го признае неуспехот на санкциите против Русија. Во самите западни земји постојано се слушаат мислења дека антируските санкции се неефикасни.

Путин претходно изјави дека политиката на задржување и слабеење на Русија е долгорочна стратегија за Западот и дека санкциите и’ нанесоа сериозен удар на целата глобална економија.

Според него, главната цел на Западот е да ги влоши животите на милиони луѓе.