Граѓаните и денеска можат да ги добијат личните документи

Од 08:00 до 19:00 часот денеска ќе работи Секторот за цивилни работи, поточно сите одделенија за административни работи на оваа организациона единица при Министерството за внатрешни работи.

„Ги известуваме граѓаните дека сите барања за лични карти кои беа доставени до 03.05.2024 година се веќе подготвени и граѓаните можат да ги добијат“, соопшти МВР.