Лука Дончиќ ја заврши сезоната во НБА лигата многу порано отколку што очекуваше, па велигденските празници решил да ги помине дома во Словенија.
Лука Дончиќ и неговиот тим Далас Маверикс не успеаа да се квалификуваат во НБА плеј-оф разигрувањето за шампионската титула. Затоа младиот кошаркар решил да се врати во родната Љубљана и за таа цел изнајмил скап приватен авион.
Тој во главниот град на Словенија пристигнал со авион Gulfstream G-650 што можат да си го дозволат само најбогатите поединци во светот. Цената на овој луксузен авион е 60.000.000 евра, а во светот има само 200 примероци.
Изнајмувањето на овој авион, поконкретно, час по лет е 15.500 евра, па лесно може да се пресмета колку пари Лука треба да плати за летот дома. Од Далас до Љубљана има околу 10.700 километри или околу девет и пол часа лет. Во превод, Лука Дончиќ искеширал околу 150.000 евра за враќање дома.
Иако сумата за која станува збор звучи неверојатно за нашите простори, за 24-годишен кошаркар од Словенија тоа е речиси ништо. Лука Дончиќ е сопственик на богат договор со Далас вреден 215.000.000 долари.
Внатрешноста на авионот во кој патувал Лука е исполнета со луксуз. Има 26-инчни телевизори, а Дончиќ морал да се наведнува при влегување и излегување бидејќи висината на кабината за патниците е само 170 сантиметри.
Овој авион може да прими до 19 патници, а има можност седиштата да се претворат во кревети и десет патници да можат да спијат без проблем за време на летот.
Лука Дончиќ е роден во бракот на Саша Дончиќ, Србин и Мирјам Потербин, Словенка. Со тоа ги почитува сите православни и католички празници.