ВИСТИНСКИ ЛУКСУЗ! Платил 150.000 евра за да го дочека Велигден дома – неверојатен потег на позната НБА ѕвезда од нашите простори (видео)

Лука Дончиќ ја заврши сезоната во НБА лигата многу порано отколку што очекуваше, па велигденските празници решил да ги помине дома во Словенија.

Лука Дончиќ и неговиот тим Далас Маверикс не успеаа да се квалификуваат во НБА плеј-оф разигрувањето за шампионската титула. Затоа младиот кошаркар решил да се врати во родната Љубљана и за таа цел изнајмил скап приватен авион.

Лука Дончиќ

Тој во главниот град на Словенија пристигнал со авион Gulfstream G-650 што можат да си го дозволат само најбогатите поединци во светот. Цената на овој луксузен авион е 60.000.000 евра, а во светот има само 200 примероци.

Изнајмувањето на овој авион, поконкретно, час по лет е 15.500 евра, па лесно може да се пресмета колку пари Лука треба да плати за летот дома. Од Далас до Љубљана има околу 10.700 километри или околу девет и пол часа лет. Во превод, Лука Дончиќ искеширал околу 150.000 евра за враќање дома.

Иако сумата за која станува збор звучи неверојатно за нашите простори, за 24-годишен кошаркар од Словенија тоа е речиси ништо. Лука Дончиќ е сопственик на богат договор со Далас вреден 215.000.000 долари.

Внатрешноста на авионот во кој патувал Лука е исполнета со луксуз. Има 26-инчни телевизори, а Дончиќ морал да се наведнува при влегување и излегување бидејќи висината на кабината за патниците е само 170 сантиметри.

Овој авион може да прими до 19 патници, а има можност седиштата да се претворат во кревети и десет патници да можат да спијат без проблем за време на летот.

Лука Дончиќ е роден во бракот на Саша Дончиќ, Србин и Мирјам Потербин, Словенка. Со тоа ги почитува сите православни и католички празници.