‘ДОН’ КАРЛО СТАВИ КРАЈ НА ШПЕКУЛАЦИИТЕ! Анчелоти потврди: “Ќе бидам тренер на Реал Мадрид и следната сезона, без сомнение!“

Тренерот на Реал МадридКарло Анчелоти изјави дека не се сомнева дека ќе остане во „Кралскиот клуб“ и следната сезона.

Во последните недели светските медиуми шпекулираа дека Анчелоти би можел да го напушти Реал Мадрид и да ја преземе бразилската репрезентација која бара тренер откако Тите ја напушти клупата по Светското првенство во Катар.

Сепак, Анчелоти изјави дека ќе остане на „Сантијаго Бернабеу“ до крајот на договорот односно до 2024 година.

Ќе бидам тука следната сезона, без сомнение. Верувам дека претседателот Флорентино Перез сака да продолжам. Клубот е опуштен, сигурен сум дека ќе останам и следната сезона и ќе го почитуваме договорот“, изјавил Анчелоти, објавија шпанските медиуми.

Карло Анчелоти
Карло Анчелоти

Реал Мадрид сезонава ја брани титулата во Лигата на шампионите, а првиот четвртфинален дуел против Челзи го доби со резлутат од 2:0.

Тимот може да освои уште еден трофеј – Купот на кралот, бидејќи во мај во финалето ќе игра против Осасуна, но најверојатно нема да ја брани титулата во Примера Лигата, бидејќи заостанува 13 бода зад лидерот Барселона.

На прашањето да ја оцени досегашната сезона, италијанскиот стратег кажа дека тоа е најпаметно да се каже на крајот од сезоната.

Мора да го почекате тоа. Може да биде успешна сезона ако се оди добро. Слушам критики, тоа е нормално. Живееме во свет во кој треба да ги слушате навивачите, медиумите, клубот, мислењето на играчите… Некои критики се разбирливи, а некои не се толку многу… Критиката може да ви помогне и да ви даде идеи да бидете подобри во вашата работа“, изјави Анчелоти.

Реал Мадрид натпреварувањето во шпанскиот шампионат ќе го продолжи в сабота навечер на гостински терен против Кадиз.