(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Се запали балон со туристи: Луѓето ЖИВИ ГОРАТ и скокаат од височина од 100 метри !? – одекнуваа морничави крици

Трагедијата се случила во близина на познатата пирамида на Сонцето.

Балон со топол воздух се запали денеска во текот на летото во близина на древниот ацтечки град Теотихуакан во Мексико, а според првичните информации две лица загинаа.

На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како балон гори на околу 100 метри над земјата. Туристите со своите мобилни телефони го снимиле моментот кога балонот се запалил, а на почетокот на видеото се гледа како едно лице скока од кошот обидувајќи се да се спаси!?

Цело време се слуша ужасен крик, а се чини дека во корпата имало уште едно лице.

Трагедијата се случила во близина на познатата пирамида на Сонцето.

Балонот набрзо се урнал, а на местото на несреќата биле испратени пожарникари и полиција.

Веста ја потврдија сите релевантни светски медиуми користејќи го видеото кое беше објавено на социјалните мрежи, како и информации добиени од сооветните мексикански власти.