ЧОВЕК НАШОЛ НЕОБИЧЕН МЕТАЛЕН ПРЕДМЕТ ВО КАЛТА! Кога ПОДОБРО ПОГЛЕДНАЛ во него останал без зборови, се огласиле и експертите (ФОТО/ВИДЕО)

Војчех Верус користел детектор за метал за да ја пребара шумската површина кај селото Шеница Ружана, не знаејќи какво изненадување го чека.

Во еден момент, уредот заѕвонил, а „ловецот на богатство“ почнал да копа и во калта пронашол необичен метален предмет .

Војчех сфатил дека нашол одамна изгубен оловен печат, но бил шокиран кога на него ги видел ликовите на “светите Петар и Павле со крст во средината” – и името на папата Бенедикт XIV.

Тоа е була , односно оловен печат, кој се користел за автентичност на разни документи.

Експертите ја потврдија неговата автентичност, опишувајќи го како „артефакт стар 250 години“ користен на официјалните документи издадени од поглаварот на Римокатоличката црква.

Уште во средниот век, таквите документи станале познати како „папски були“. Пронајдениот печат е добро сочуван.

Во Полска се пронајдени десетина папски печати и секој од нив е уникатен. Историското и истражувачко здружение „Волица“ го опишува како „многу интересно“ во објава на Фејсбук на 21 април.

Планирано е артефактот да биде предаден на Регионалниот музеј во Красниставо.

Селото Шеница Ружана се наоѓа во источна Полска, на околу 240 километри од Варшава и блиску до границата со Украина.