Новак Ѓоковиќ ужива во прекрасна вила на негов близок пријател од САД – Наместо во хотел, Србинот се одлучил за ова поради една причина!

Најдобриот српски тенисер, Новак Ѓоковиќ, како и при претходното учество на УС Опен, престојува со својот богат пријател во вила во Њу Џерси.

За да го има потребниот мир, Новак Ѓоковиќ оваа година решил да избегне престој во хотел, па решил да се „изолира“ со семејството во прекрасна вила во Њу Џерси, каде има максимални услови за тренирање и полнење на батериите.

Новак Ѓоковиќ им кажал на новинарите дека оваа година го комбинира Њујорк и Њу Џерси и се обидува да се фокусира на тенисот.

Секако, кога ќе започне турнирот, ќе бидам целосно заклучен од други надворешни фактори“, рекол Новак Ѓоковиќ и нагласи дека го сака Њујорк, но дека ужива само пред турнирот:

Мојот пријател има одлична вила со тениски игралишта. Таму одиме само со семејството. Таму се релаксираме и ми е одлично во деновите помеѓу натпреварите кога имам пауза. Тогаш на некој начин добивам енергија и се подмладувам, па имам повеќе енергија за натпреварите“, открил Новак Ѓоковиќ.