Израелските сили со тенкови влегоа во Појасот Газа. Палестински извори тврдат дека има мртви.
ИД потврди дека тенкови влегле во северниот дел на Газа и ги гаѓале упориштата на Хамас. Акцијата беше спроведена како подготовка за претстојната целосна копнена офанзива на Појасот Газа.
На социјалните мрежи се наведува и дека целта на ИД била да ги елиминира терористичките ќелии и местата каде што се верува дека Хамас држи заложници, за палестинската милитантна група да нема повеќе за што да преговара. Оваа информација не е потврдена.
#Israeli tanks roll into northern #Gaza: IDF forces enter #Palestinian strip overnight to carry out ‘targeted raids’ on ‘terrorist’ cells in preparation for ground war against #Hamas https://t.co/0KWUxeKGqd via #DailyMail Shame they couldn’t knock out ☘️#TheGreenBrigade too🤔 pic.twitter.com/DcTQCZwy5S
— ManUMemo (@mutdmemo) October 26, 2023
Се наведува и дека нападот бил извршен во текот на ноќта и дека израелските тенкови се вратиле на територијата на Израел.
Israeli air strikes continue to pound the besieged Gaza Strip as the pressing needs of Palestinians remain to be safe and at-scale humanitarian access.
— Al Jazeera English (@AJEnglish) October 26, 2023
🔴 Follow our LIVE coverage: https://t.co/Sq4PSDf1Mw pic.twitter.com/EzCsTzSY1n
На снимките објавени од армијата се гледаат оклопни возила кои возат низ песочната гранична зона, а израелското воено радио операцијата ја опиша како најголем упад во актуелниот конфликт.
#BREAKING
— ⚡️🌎 World News 🌐⚡️ (@ferozwala) October 26, 2023
Israeli occupation forces, including tanks, entered Gaza overnight to carry out a “targeted raid” in preparation for a ground war, IDF says. #Gaza #Palestine
( Hamas fighters were visiting Qatar – All 40,000 of ’em)pic.twitter.com/I41ELkFxFI
Десетици жртви
Медицински извори во Појасот Газа известија дека во последните акции на израелската армија загинале десетици луѓе.
Во Кан Јунис, спасувачите известија дека 17 лица загинале во нападот на комплексот згради, истакнувајќи дека уште десетици се ранети и исчезнати под урнатините.
Медиумите во Газа, исто така, објавија масовни напади во градот Газа и северниот дел на Појасот.