Влегоа; Тенковите во Газа

Израелските сили со тенкови влегоа во Појасот Газа. Палестински извори тврдат дека има мртви.

ИД потврди дека тенкови влегле во северниот дел на Газа и ги гаѓале упориштата на Хамас. Акцијата беше спроведена како подготовка за претстојната целосна копнена офанзива на Појасот Газа.

На социјалните мрежи се наведува и дека целта на ИД била да ги елиминира терористичките ќелии и местата каде што се верува дека Хамас држи заложници, за палестинската милитантна група да нема повеќе за што да преговара. Оваа информација не е потврдена.

Се наведува и дека нападот бил извршен во текот на ноќта и дека израелските тенкови се вратиле на територијата на Израел.

На снимките објавени од армијата се гледаат оклопни возила кои возат низ песочната гранична зона, а израелското воено радио операцијата ја опиша како најголем упад во актуелниот конфликт.

Десетици жртви

Медицински извори во Појасот Газа известија дека во последните акции на израелската армија загинале десетици луѓе.

Во Кан Јунис, спасувачите известија дека 17 лица загинале во нападот на комплексот згради, истакнувајќи дека уште десетици се ранети и исчезнати под урнатините.

Медиумите во Газа, исто така, објавија масовни напади во градот Газа и северниот дел на Појасот.