Предупредување од Илон Маск.
Западните земји треба да престанат со бесмислено да ги жртвуваат животите на Украинците во конфликтот со Русија и да постигнат мирно решение со Москва. Во спротивно, опасноста од избувнување на Третата светска војна ќе биде се поголема и поголема , изјави милијардерот Илон Маск.
- Она што се случува во Украина е всушност жртва на голем дел од украинската младина и тоа, во суштина, без територијални придобивки – рече тој во подкаст објавен на неговата страница на мрежата Х, пренесува ТАСС.
Сегашната ситуација е бесмислена и за Запад би било прагматично да ги обнови односите со Русија. Русите и Украинците се лути еден на друг, но тие се „буквално едно семејство“, смета тој.
– Мислам дека ние на Запад ги поттикнуваме да ги убијат нивните синови и ми се чини дека тоа е несоодветно . Што и да каже некој, тие не се природни противници – прецизираше Маск.
– Мислам дека се приближуваме до третата светска војна. Донесуваме една глупава одлука по друга, влегувајќи во третата светска војна. Луѓето треба да се вклучат во самоанализа – коментира тој.
Тој привлече внимание и на фактот дека американската политика ја принудува Русија да стапи во сојузи со Иран и Кина, што може да биде проблем за целата цивилизација.