„ВЛЕГУВАМЕ ВО ТРЕТА СВЕТСКА ВОЈНА“ Страшното предупредување на Илон Маск: Ние на Запад ги поттикнуваме да ги убиваат своите синови

Предупредување од Илон Маск.
Западните земји треба да престанат со бесмислено да ги жртвуваат животите на Украинците во конфликтот со Русија и да постигнат мирно решение со Москва. Во спротивно, опасноста од избувнување на Третата светска војна ќе биде се поголема и поголема , изјави милијардерот Илон Маск.

  • Она што се случува во Украина е всушност жртва на голем дел од украинската младина и тоа, во суштина, без територијални придобивки – рече тој во подкаст објавен на неговата страница на мрежата Х, пренесува ТАСС.

Сегашната ситуација е бесмислена и за Запад би било прагматично да ги обнови односите со Русија. Русите и Украинците се лути еден на друг, но тие се „буквално едно семејство“, смета тој.

– Мислам дека ние на Запад ги поттикнуваме да ги убијат нивните синови и ми се чини дека тоа е несоодветно . Што и да каже некој, тие не се природни противници – прецизираше Маск.

– Мислам дека се приближуваме до третата светска војна. Донесуваме една глупава одлука по друга, влегувајќи во третата светска војна. Луѓето треба да се вклучат во самоанализа – коментира тој.

Тој привлече внимание и на фактот дека американската политика ја принудува Русија да стапи во сојузи со Иран и Кина, што може да биде проблем за целата цивилизација.