Младиот бразилски пејач Педро Хенрике почина за време на настап во градот Феира де Сантана.
Госпел пејачот Педро Хенрике почина на 30-годишна возраст, откако колабирал на сцената за време на неговиот настап, пишува Дејли Мејл.
Тој настапи на верски настан во бразилскиот град Феира де Сантана и додека ја изведуваше песната “Vai ser Tao Lindo” тој само колабирал и починал на лице место додека публиката гледала шокирана.
Снимката од вознемирувачкиот момент се прошири низ социјалните мрежи.
Членовите на бендот веднаш се обиделе да му помогнат, а Хенрике потоа бил пренесен во најблиската болница, каде само била констатирана смрт.
Неговата издавачка куќа потврди дека причина за смртта е срцев удар.
„Ова се тешки животни ситуации за кои нема објаснување. Мораме да разбереме дека Божјата волја е посилна од нашата“, велат од дискографската куќа.
Локалните медиуми јавуваат дека тој се пожалил на замор пред настапот.
Педро зад себе ги остави сопругата Суилан Барето и едномесечната ќерка Зои.