Продавачка во германскиот град Мисбах во Баварија пронашла златни прачки во чанта што сопственичката ја заборавила во продавницата .
Сопственичката не забележала дека изгубила вистинско богатство додека не ја контактирала полицијата.
Според пишувањата на медиумите, 30-годишна работничка во локална продавница пронашла неколку мали златни прачки и разни монети во мала чанта што 45-годишната жена ги заборавила во продавницата.
Полициската станица, каде чесната продавачка ги донела пронајдените вредни предмети , открила дека се работи главно за чисто злато .
Вредноста се проценува на околу 50.000 евра , земајќи го предвид сегашниот курс на златото.
Според германските медиуми, сопственичката на чантата и златото била идентификувана со помош на рачно напишана белешка со нејзиното презиме.
Сопственичката и платила на чесната пронаоѓачка четирицифрен надомест .