ВО ПРОДАВНИЦА ЗАБОРАВИЛА ТОРБА ПОЛНА СО златни прачки: Не ни забележала дека го изгубила БОГАТСТВОТО, еве што направила продавачката

Продавачка во германскиот град Мисбах во Баварија пронашла златни прачки во чанта што сопственичката ја заборавила во продавницата .

Сопственичката не забележала дека изгубила вистинско богатство додека не ја контактирала полицијата.

Според пишувањата на медиумите, 30-годишна работничка во локална продавница пронашла неколку мали златни прачки и разни монети во мала чанта што 45-годишната жена ги заборавила во продавницата.

Полициската станица, каде чесната продавачка ги донела пронајдените вредни предмети , открила дека се работи главно за чисто злато .

Вредноста се проценува на околу 50.000 евра , земајќи го предвид сегашниот курс на златото.

Според германските медиуми, сопственичката на чантата и златото била идентификувана со помош на рачно напишана белешка со нејзиното презиме.

Сопственичката и платила на чесната пронаоѓачка четирицифрен надомест .