– Општинската организација на Црвен крст од Велес во соработка со медицинска екипа од Институтот за трансфузиона медицина од Скопје денеска организираа успешна акција за крводарување.
Таа е прва во 2023 година меѓу жителите на Чашка и беа собрани 29 единици крв.
Акцијата беше изведена во просториите на ООУ „Тодор Јанев“ во Чашка. Од 29-те крводарители, пет беа жени И 24 мажи, кои доброволно се пријавија да даруваат крв и да спасат нечиј живот во опасност, информираат од ООЦК Велес.
Тие потенцираат дека крводарителите на Чашка, како и во изминатите години, и овојпат ја искажаа својата хуманост на дело и се меѓу најактивните крводарители во поширокиот велешки регион.