Во Чашка собрани 29 единици крв

– Општинската организација на Црвен крст од Велес во соработка со медицинска екипа од Институтот за трансфузиона медицина од Скопје денеска организираа успешна акција за  крводарување.

Таа е прва во 2023 година  меѓу жителите на Чашка и  беа собрани 29  единици крв.

Акцијата беше изведена во просториите на ООУ „Тодор Јанев“ во Чашка. Од 29-те крводарители, пет беа жени И 24 мажи, кои доброволно се пријавија да даруваат крв и да спасат нечиј живот во опасност, информираат од ООЦК Велес.

Тие потенцираат дека крводарителите на Чашка, како и во изминатите години, и овојпат ја искажаа својата хуманост на дело и се меѓу  најактивните крводарители во поширокиот велешки регион.