Корисниците најмногу се шокирани од глетката, а има и такви кои се сомневаат во нејзината автентичност
Минатата година имало човек кој во својот автомобил превезувал бик тежок 600 килограми . Мислевме дека тоа е најлудото нешто што сме го виделе.
Каква грешка! Следното видео ги поместува границите, до тој степен што се прашуваме – дали е автентично?!
Видеото е објавено на платформата ItemFix, со порака „ Транспорт на слонови “, без други детали.
Гледаме пикап со необично „карго“, а по неколку моменти камерата покажува колку брзо се движат возилата.
Корисниците се главно шокирани, но има и такви кои се сомневаат во автентичноста на сцената.
„Ова не е реално“, „Слонот е лажен, од хартија“, „Одлична реклама за производител на камиони “, гласат дел од коментарите.
Други се пошегуваа, а едно лице напиша: „Само се надевам дека возачот не морал одма да закочи“.
Видеото може да го погледнете ТУКА