Го „спакувал“ слонот на камион, па се упатил кон автопат: Ваква сцена никогаш не сте виделе

Корисниците најмногу се шокирани од глетката, а има и такви кои се сомневаат во нејзината автентичност

Минатата година имало човек кој во својот автомобил превезувал бик тежок 600 килограми . Мислевме дека тоа е најлудото нешто што сме го виделе.

Каква грешка! Следното видео ги поместува границите, до тој степен што се прашуваме – дали е автентично?!

Видеото е објавено на платформата ItemFix, со порака „ Транспорт на слонови “, без други детали.

Гледаме пикап со необично „карго“, а по неколку моменти камерата покажува колку брзо се движат возилата.

Корисниците се главно шокирани, но има и такви кои се сомневаат во автентичноста на сцената.

„Ова не е реално“, „Слонот е лажен, од хартија“, „Одлична реклама за производител на камиони “, гласат дел од коментарите.

Други се пошегуваа, а едно лице напиша: „Само се надевам дека возачот не морал одма да закочи“.

Видеото може да го погледнете ТУКА