Нутриционистката Ивана Мишиќ истакнува дека при купувањето на конзервирана туна треба да се внимава на содржината на сол.
Многу луѓе се љубители на туната , без разлика дали ја користат како додаток во салати или главни јадења, но често може да слушнете дека и тие се сомневаат дали оваа храна е навистина здрава.
Нутриционистката Ивана Мишиќ подетално го објасни ова :
– Туната е една од оние намирници што многумина од нас ја имаат во фрижидер, но ја јадеме само кога не знаеме што друго да јадеме.
Колку често треба да јадеме туна и дали е навистина хранливо? Која туна е најдобра?
Нутритивна вредност на туната – Туната е богата со висококвалитетни протеини, што ја прави одличен избор за поддршка и закрепнување на мускулите. Taa е и добар извор на омега-3 масни киселини, кои се корисни за здравјето на срцето и мозокот – истакнува нутриционистот и открива како можете да ja вклучите во исхраната:
– Конзервирана туна е практична опција, но внимавајте на внесот на сол. Има и конзерви со намалена содржина на сол.
Користете ја за да подготвите салати , сендвичи или тестенини за дополнителен извор на протеини и вкус.
Одберете туна во вода наместо масло за да го намалите внесот на додадени масти доколку така налага вашата исхрана/план за исхрана – вели нутриционистот и открива колку често треба да јадете туна:
– Како и кај повеќето намирници, клучот е во умереноста. Можете да вклучите туна во вашата исхрана 2-3 пати неделно како дел од разновиден оброк. Туната е хранлива особено за оние со динамичен начин на живот. Кога е вклучена во урамнотежена исхрана, тоа може да биде корисно за вашето здравје .
Дополнителен совет: Изберете туна во сопствениот сок наместо во масло.