Дали е здрава конзервирана туна? Не се работи само за додаденото масло, еве на што треба да обрнете посебно внимание

Нутриционистката Ивана Мишиќ истакнува дека при купувањето на конзервирана туна треба да се внимава на содржината на сол.

Многу луѓе се љубители на туната , без разлика дали ја користат како додаток во салати или главни јадења, но често може да слушнете дека и тие се сомневаат дали оваа храна е навистина здрава.

Нутриционистката Ивана Мишиќ подетално го објасни ова :

– Туната е една од оние намирници што многумина од нас ја имаат во фрижидер, но ја јадеме само кога не знаеме што друго да јадеме.

Колку често треба да јадеме туна и дали е навистина хранливо? Која туна е најдобра?

Нутритивна вредност на туната – Туната е богата со висококвалитетни протеини, што ја прави одличен избор за поддршка и закрепнување на мускулите. Taa е и добар извор на омега-3 масни киселини, кои се корисни за здравјето на срцето и мозокот – истакнува нутриционистот и открива како можете да ja вклучите во исхраната:

– Конзервирана туна е практична опција, но внимавајте на внесот на сол. Има и конзерви со намалена содржина на сол.

туна

Користете ја за да подготвите салати , сендвичи или тестенини за дополнителен извор на протеини и вкус.

Одберете туна во вода наместо масло за да го намалите внесот на додадени масти доколку така налага вашата исхрана/план за исхрана – вели нутриционистот и открива колку често треба да јадете туна:

– Како и кај повеќето намирници, клучот е во умереноста. Можете да вклучите туна во вашата исхрана 2-3 пати неделно како дел од разновиден оброк. Туната е хранлива особено за оние со динамичен начин на живот. Кога е вклучена во урамнотежена исхрана, тоа може да биде корисно за вашето здравје .

Дополнителен совет: Изберете туна во сопствениот сок наместо во масло.