Беби Дол (61 г.), чие вистинско име е Драгана Шариќ Тодоровиќ, најчесто се памети кога на радио станица ќе се емитува една нејзина стара песна. На пример, песната „Бразил“ која ја претставуваше Југославија на Евровизија во 1991 година. Бидејќи јавноста ја нема видено долго време, медиумите се заинтересираа каде е таа сега. Српските медиуми отидоа и во белградскиот кварт Врачар. Таму провериле неколку адреси на кои би требало да живее Беби Дол.
„Ја видов неколку пати додека се шеташе со своето момче. Тие се расправаа. Не беше пријатно да се слушне или да се види такво нешто. Целата улица гледаше во нив двајца. За жал, таа многу ослабе, тоа е сосема поинаква Беби Дол од онаа како што ја паметиме, таа е буквално непрепознатлива“, изјавила за новинарите една нејзина сосетка.
Новинарите ја чекале со часови, но од неа немало ни трага ни глас, додека на нејзиниот прозорец имал решетки, а ролетните биле спуштени.