ДАЛИ СЕ СЕЌАВАТЕ НА НЕА ? Југословенската поп-ѕвезда минува низ пекол, соседите велат дека е непрепознатлива: “Многу е слаба, живее во подрум…“

Беби Дол (61 г.), чие вистинско име е Драгана Шариќ Тодоровиќ, најчесто се памети кога на радио станица ќе се емитува една нејзина стара песна. На пример, песната „Бразил“ која ја претставуваше Југославија на Евровизија во 1991 година. Бидејќи јавноста ја нема видено долго време, медиумите се заинтересираа каде е таа сега. Српските медиуми отидоа и во белградскиот кварт Врачар. Таму провериле неколку адреси на кои би требало да живее Беби Дол.

слика
Драгана Шариќ Тодоровиќ

Ја видов неколку пати додека се шеташе со своето момче. Тие се расправаа. Не беше пријатно да се слушне или да се види такво нешто. Целата улица гледаше во нив двајца. За жал, таа многу ослабе, тоа е сосема поинаква Беби Дол од онаа како што ја паметиме, таа е буквално непрепознатлива“, изјавила за новинарите една нејзина сосетка.

Новинарите ја чекале со часови, но од неа немало ни трага ни глас, додека на нејзиниот прозорец имал решетки, а ролетните биле спуштени.