“ЦРЕШИТЕ И СЕКСОТ СЕ КЛУЧ ЗА ДОЛГИОТ ЖИВОТ!“ – оваа баба го прославила својот 102 роденден и објаснила како надживеала еден век!

Џојс Џекмен на 9. мај оваа година го прославила својот 102 роденден и раскажала како успеала да живее повеќе од еден век. Како што вели таа, за неа тајната на долгиот и среќен живот се интимните врски.

Поранешната готвачка на британските кралски воздухопловни сили не се воздржала кога зборувала за животот повеќе од еден век. Оваа пензионерка на вработените во еден старечки дом им кажала дека „црешите се добри“, како и чоколадото, а од витално значење за долг живот е сексот.

Оваа баба го прославила својот 102 роденден со семејството во дом за стари лица кое ја изненадило со роденденска торта.

Не ми се верува дека имам 102 години, сето чоколадо што го јадам сигурно помогна!“, низ смеа рекла оваа баба. Сите што ја познаваат имаат пофални зборови за неа. Таа е омилен жител на домот, секогаш е весела, насмеана и хуморот и е силна страна.

Бабата Џојс Џекмен го надживеа својот сакан од детството, Теренс Џекман, со кој се омажила во 1945 година. Иако парот никогаш немал деца, Џојс Џекмен уживала во чување деца во нејзиното соседство, а исто така работела во продавница за слатки пред да се приклучи на кралските воздухопловни сили како готвач во Втората светска војна.